ДЕЛЧЕВО: Продолжува да се топи советничкот дел на ВМРО ДПМНЕ

Делчево, 09.10.2018

Советничката група на опозициската коалиција предводена од ВМРО ДПМНЕ во Делчево денеска остана уште без еден советник. Советникот Вице Стоиловски од ГРОМ, на денешната, 14 Седница на Советот, со изјава поднесена до претседателот на делчевскиот Совет, Драган Маневски, истапи од коалицијата на локално ниво. Во изјавата Стоиловски потенцираше дека во иднина во Советот ќе делува како независен советник.

Стоиловски е втор советник од делчевскиот Совет кој ја напушта опозициската коалиција предводена од ВМРО ДПМНЕ. Пред два месеци, советникот од ВМРО НП, Николчо Ситновски , исто така, ја напушти коалиција.

Распоредот на силите во Советот од денеска се : 5 советници од коалицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ, два независни советници , еден од ГРОМ и еден од ВМРО НП, и 8 советници од владејачката коалиција на СДСМ.