Европската унија обезбедува значителни права за потрошувачите – треба само да ги знаеме

Иако Северна Македонија го чека датумот за почеток на преговорите за членство во Европската Унија (ЕУ), земјата заостанува во имплементацијата на едно основно право поставено од ЕУ. Институциите не ја вршат својата работа во спроведувањето на правото на заштита и безбедност на потрошувачите. Заштитата на потрошувачите е заштита на сите луѓе, тоа значи заштита на здравјето, парите и потребите на секој граѓанин, пишува Portalb.mk

 

Граѓанинот на С. Македонија како потрошувач е незаштитен од услугите што ги добива во својата земја. Несигурноста почнува од прехранбени производи, до технолошки производи и банкарски услуги. Во однос на квалитетот на храната, само оваа година бевме сведоци на неколку скандали како: повлекување на преку 4.000 килограми путер со поминат рокпронаоѓање на мртов стаорец во пакуван прехранбен производприсуство на храна со поминат рок низ маркетите во земја и други.

Според Организацијата на потрошувачи во Северна Македонија, другите проблеми со кои се соочуваат потрошувачите во нашата земја се поврзани со технолошки производи, бела техника или телефони. Многу актуелен проблем е и прашањето на измами при онлајн купување. Во финансиските услуги, граѓаните се жалат на проблемите со високи трошоците и камати за брзи кредити, задоцнување на кредити од банките, долгото чекање пред банките и недостатокот на банкарски услуги во развиените рурални средини.

Правата на потрошувачите се кршат речиси во секој домен, но најголемите проблеми со кои се соочуваат потрошувачите се различни производипроблеми со гаранција и сервис на бели производи и техничка опрема, враќање или размена на производи, производи со слаб квалитет, онлајн набавки, проблеми со услуги понудени од јавните претпријатија и слично“, информираат за Portalb.mk, од Организацијата на потрошувачи во РСМ.

Во делот на јавните услуги, граѓаните се соочуваат со проблемите со високите сметки за електрична енергија, иако не трошат многу струја, високите сметки за водоснабдување, високите сметки за телекомуникациските услуги и незадоволството од квалитетот на интернет услугите.

Заштитата на правата на потрошувачите значи дека во државата имаме многу закони и прописи, кои мора да ги заштитат потрошувачите во секој сегмент при купување на стоки и услуги на пазарот.

Во секоја земја е донесен посебен закон, кој ги штити правата на потрошувачите. Кога правата на потрошувачите не се заштитени, тогаш тоа значи дека сите ние како потрошувачи сме повредени, не сме заштитени и сме несигурни кога купуваме стоки и услуги. Потребно е постојано да има унапредување на законската рамка за заштита на правата на потрошувачите, која постојано ќе биде усогласувана со европското законодавство, потенцираат од Организацијата на потрошувачите.

Извештајот на ЕК: РСМ нема напредок во областа на заштитата на потрошувачите

Политиките на ЕУ ги штитат економските интереси на потрошувачите и безбедноста на производите, опасните имитации и гарантираат одговорност за неисправни производи. Овие политики, нашата земја мора што поскоро да ги усогласи и спроведе за да биде поблиску до интеграцијата во ЕУ.

Во последниот извештај на Европската комисија за напредокот на С. Македонија во процесот на членство во Европската унија, земјата беше критикувана дека не направила никаков напредок во областа на заштитата на потрошувачите и здравјето.

Северна Македонија останува умерено подготвена во областа на заштитата на потрошувачите и здравјето. Во извештајниот период не беше постигнат напредок. Во наредната година, земјата треба особено да ја:

  • усогласи правната рамка со директивите на ЕУ за заштита на потрошувачите, особено во однос на Законот за заштита на потрошувачите, и да ги зајакне оперативните структури кои служат за заштита на потрошувачите;
  • интензивира напорите за контрола на тутунот;

Понатаму во извештајот се наведува дека властите на С. Македонија не презеле никакви чекори во адаптацијата на Законот за заштита на потрошувачите и приближувањето на националните правила за безбедност на производите со законодавството на ЕУ.

Интернет платформата која обезбедува информации за заштита на потрошувачите допрва треба да се развива. Шемите за посредување и понатаму се скапи и тешко достапни за потрошувачите. Потребни се дополнителни напори за да се воспостават насоки и процедури за жалбите на потрошувачите и средства за компензација, се вели во извештајот на ЕК.

Какви права има потрошувачот во РСМ и колку граѓаните се свесни?

Граѓаните во нашата земја не се доволно информирани за правата што ги имаат како потрошувачи, и како последица на ова полесно се измамени од бизнисите и трговците.

Од секојдневните жалби што ги добиваме, се гледа дека потрошувачите не се многу свесни за своите права и поради оваа причина често се газат од трговцитеНие како Организација на потрошувачи секојдневно се трудиме да ги едуцираме потрошувачите преку советување, медиуми, објавување и промоција на едукативни материјали (брошури, летоци, прирачници и сл.)“, додаваат од Организацијата на потрошувачи.

Правата на потрошувачите датираат од 1958 година, кога Обединетите нации (ОН) ја усвоија Резолуцијата 39/248, со која се поставуват основните насоки за заштита на потрошувачите. Како резултат на тоа, Светската организација на потрошувачи, одобри осум основни права на потрошувачите. Овие упатства се основа за развој на законодавството за заштита на потрошувачите, како во Европа, така и во светот. Основните права на потрошувачите се имплементирани во поголемиот дел од Законот за заштита на потрошувачите во земјава.

  • Правото за информирање – ова право им наметнува обврска на трговците да ни дадат навремени, точни и веродостојни информации за сите аспекти поврзани со производот или услугата, за да не бидеме измамени и за да можеме да го направиме вистинскиот избор на производите и услугите.
  • Правото за едукација – значи дека ние како потрошувачи треба уште од најрана возраст да се едуцираме за нашите права. Образованието треба да започне од основните училишта преку различни кампањи, семинари и информативни брошури.
  • Правото на заштита на здравјето и безбедноста – ова право значи дека производите што ги консумираме мора да бидат безбедни кога се ставаат на пазарот, кога се ставаат во употреба или се користат, особено за остварување и заштита на јавниот интерес; заштита на нашето здравје, животните и растенијата и заштита на животната средина и природата.
  • Правото на заштита на економски интереси – ова право вклучува:

• право на пристап до различни стоки и услуги за задоволување на нашите основни потреби, со поволни цени и соодветен квалитет;
• заштита од неправедни договорни одредби, со кои нашите права се намалуваат, отежнуваат или исклучуваат;
• заштита од измамнички и агресивни практики на пазарот;
• одговорност на производителот за неисправни производи и право на сервисирање на производите.

  • Правото на компензација – правото на компензација е едно од нашите најважни права како потрошувачи, кое го вклучува правото да бараме надомест за штетата што ни е нанесена од неисправен производ, чија одговорност паѓа на производителот. Под поимот производ се подразбира секој подвижен предмет, освен примарните земјоделски производи и дивата фауна, дури и ако се дел од некој друг подвижен предмет.
  • Правото на застапување – тоа значи дека ние како потрошувачи имаме право да се организираме во организации на потрошувачи на локално, национално и на ниво на Европска инија, со што ќе ги заштитиме нашите интереси во организациите во кои можеме да ги застапуваме нашите поплаки, нашите предлози за подобрување на нашите права, каде што можеме да добиеме совети, како и нашето претставување во државните органи каде што се разговара за правата и интересите на потрошувачите.