Жестока “шлаканица” за Христијан Мицкоски од “Големото јаболко”!

Охрид, 4 септември 2018

“Ако Христијан Мицковски е вистинското лице на партијата “ВМРО- ДПМНЕ“ тогаш фрлете пепел врз неа!” .

Со ваква, жестока реакција, преку својот ФБ профил, се огласи професорот Нестор Огинар, од Њујорк, нарекувајќи го уште и  “слепец еден недоносен”, “едно кукавичко јајце вметнато во партијата!”…

Непосреден повод за ваквата реакција е последниот јавен настап на лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Мицковски, во неделата, во Кичево.

– “Денес од далечниот Њу Јорк го видов и чув говорот на Христијан Мицковски во Кичево и пред мене после две иљади години повторно се повампири ликот на Понтија Пилат пред Судот на Исус Христос !Го гледав и слушав тој дволичен, двосмислен, безр’бетен , неморален, физички и политички кукавица како ги пере валканите раце пред заблудените и наивните партиски членови и им ја фрла нечистата вода право в’ лице!Го видов и чув како пред нив ја осудува Македонија и ја предава на распетието што го подигна Зоран Заев криејќи го својот низок кукавичлук зад историските зборови на еден вистински македонски патриот!”,му се обраќа професорот Огинар на Мицковски.

Професорот Огинар, кој има доста приврзаници, не само на социјалните мрежи, туку и воопшто во јавноста и особено дијаспората, натаму, како што пишува, со “гнев и презир” му порачува  на Христијан Мицкоски:

– “Лидер ли си на една најголема национална партија или исплашен , несигурен, недораснат мочко?!На твоето реторичко прашање во трето лице еднина: 

На “ ВМРО- ДПМНЕ очајнички и е потребен вистински ЛИДЕР што досега го немала! Не губете време со вакви!– му порачува на членството, професорот Нестор Огинар

“ Кој е Христијан Мицковски да му кажува на народот што треба да прави…”, јас ти одговарам :Ако “ Христијан Мицковски “одбива да му “ кажува на народот што да прави”, тогаш тој ист Христијан Мицковски им дозволува на Зоран Заев, Али Ахмети, Џес Бејли, Јоханес Хан, Алексис Ципрас, Бојко Борисов, на Грција, Бугарија, Албанија, ЕУ, НАТО, Америка и секому кому ќе му текне да му кажуваат на народот “ што треба да прави”!” – пишува Огинар.

Обраќајќи му се директно, професорот Огинар, натаму пишува:”Слепец еден недоносен !За мене ти Христијан Мицковски си едно големо НИШТО!Едно кукавичко јајце вметнато во партијата !Една сурова , ниско морална личност што не е дораснат да води !Еден беден техно- бирократ што својата несигурност и неспособност ја крие зад народот!Ако немаш храброст и доблест сега во овој критичен историски миг да кажеш јасно и гласно дека го БОЈКОТИРАШ “Референдумот”, тогаш ти не си ништо поарен од оние што го подржуваат!”.

Професорот Огинар, директно му порачува на Мицковски, “или да ја води партијата, или да биде слуга на оние од кои се плаши да живее достоен на светоста на идеалите на “ Внатрешната Македонска Револуционерна Организација чиј што пред знак го носи партијата во која тој не припаѓа!”.

– “Ти не си “ слуга” на народот!Ти си слуга на стравот што го имаш за твојата кариера од наредбите на ЕУ, НАТО и САД!За тебе имам само Преѕир!За членството на партијата имам последна опомена:Ако го следите овој непрокопсан неранимајко, и вие сте дел од свитата на Понтије Пилат!До кога, до кога ќе молчите и ќе гледате како предавници во партијата и владата ја носат Македонија на нејзиното последно распетие ?”, пишува професорот Нестор Огинар

Професорот Нестор Огинар е роден на 3 февруари1947 година во Скопје.Во 1969 година поради идеолошки несогласувања со КПЈ, односно КПМ, преку Виена, заминал за ЊујоркСАД каде завршил факултет за англиски јазик и книжевност со драма на Хантер Колеџот на Градскиот Универзитет во Њујорк. Во 1973 година се вратил во Македонија и работел како Професор по англиски во Тетовската гимназија „Кирил Пејчиновиќ“. Повторно се враќа во Њујорк каде на  Хантер Колеџот завршил Магистратура по англиски јазик и книжевност и потоа се префрлил на Приватниот Њујорк Универзитет каде се стекнал со диплома магистер по Филозофија и продолжил со докторските студии по англиски јазик и книжевност. Од 1988 до пензионирањето во 2010 година, работел како Професор по англиски јазик и литература во Њујорк.

Огинар е  еден е од основачите на СМК, и негов долгогодишен потпретседател и сенатор. Прв задграничен преставник на ВМРО-ДПМНЕ за Северна Америка и член на Советот на интелектуалците. Во 2002  година, како претседател на партијата “Преродба и обединување на македонските национални идеали” (ПОМНИ) учествувал на парламентарните избори во сите 6 изборни единици. Тој е потпретседател и соосновач на Семакедонскиот национален совет „Македониум“. Работел како асоцијативен член на меѓународниот институт на Шилер. Автор е на повеќе статии, есеи, трактати и дела печатени и во САД и во Македонија. Организатор и учесник на повеќе меѓународни конгреси. протести, митинзи, собири ширум САД, Канада и Македонија.