ИСТРАЖУВАЊЕ: Вестите на Сител најгледани, народот најмногу им верува на вестите на Телевизија 24

Проф. Стојановски со студенти на Правниот факултет

Штип, 24.08.2017

  • Топ Тема на ТВ Телма е најгледана дебатна емисија, Огнен Јаневски од ТВ 24 е најпопуларен водител, ТВ 24 е најобјективен ТВ канал, „Парампарче“ на Сител е најпопуларна серија…

Студентите по новинарство и односи со јавноста при студиската група Новинарство и односи со јавноста на Правниот факутлет при Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип, во периодот ноември 2016-април 2017 година спроведоа истражување на јавното мислење. Истражувањето беше посветено на националните медиуми и јавното информирање во Република Македонија.

Проф.д-р Страшко Стојановски
Проф.д-р Страшко Стојановски

„Истражувањето беше на примерок од 1.003 испитаници. Според половата припадност, возраста, регионалната застапеност, урбано-руралниот карактер на испитаниците, образованието како и репрезентативноста според социјалната структура на испитаниците станува збор за репрезентативно истражување“, појаснува  Страшко , доктор по социолошки науки, професор на спомнатиот факултет на УГД.

Според ова истражување најголем дел од испитаниците примарно се информираат од интернет (76,1%) , помал дел или 19,9 проценти од телевизија додека незначителен бил делот на оние кои одговориле дека за важните нешта во државата се информираат од радиото и од весниците. Интернет мрежите се средство преку кое се информираат дури 92,2 проценти од младите, што е и за очекување. Ова сознание само укажува нафактот дека оваа област мора законски да се регилира бидејќи станува клучна за (дез)информирање на младата популација која е иднина на државата.

Ипитувањето покажа дека од информативните емисии најгледани се вестите на Сител (гледаност 20,2%), а по него се информативните емисии на ТВ 24 (16,9 гледаност) и на ТВ Телма (13,1 гледаност). ТВ Канал 5 има гледаност на вестите од 11,8 проценти.  Јавниот сервис МРТВ на оваа листа го нема никаде.

Граѓаните сепак најмногу доверба имаат во вестите на ТВ 24 (18,4%) потоа на ТВ телма (13,2) додека на информациите кои ги пласира ТВ Сител им веруваат 9,9 проценти. Вестите на ТВ се примамливи за постарата-пензионерска генерација од која на вестите се „закачени“ дури 34,7 проценти, а кај младите гледаноста е само 5 проценти. Загрижувачко е тоа дека дури 44 проценти од испитаниците не веруваат во инфорациите на ниту една телевизија!

Меѓу водителите водечко лице е Огнен Јаневски од ТВ 24 (45 проценти популарност) а на второ место е Лила Филипова од ТВ Сител (30 проценти)..

Топ Тема на ТВ Телма е најпопуларна и најгледана дебатна емисија, а по неа следува емисијата Јади Бурек на Јанко Илковски која оди на Сител 3 ТВ со 8,7 проценти. На трето место како омилена дебатна емисија е 24 Анализа која оди на ТВ 24 за која се определија 6,8 од испитанциите. Од сериите најполуларна е „Парампарче“ на ТВ Сител. Овде треба да се нотира дека дури 57,3 проценти од испитаниците не се определиле за ниту една дебатна емисија, а дека кај студентите апстиненцијата од гледање вакви емисии е многу висока – 68, 6 проценти.

Испитаниците сметаат дека најквалитетна и најобјективна е ТВ 24, додека убедливо најнизок рејтинг има националниот јавен сервис МРТВ.

„Заклучок од ова истражување на нашите студенти е дека на нашите ТВ канали со национална концесија недостасуваат програмски содржини со едукативен и документарен карактер. Можеби и затоа, помладите посебно, ги преферираат  каналите Fox 1 и Fox Live  како и странските канали кои прикажуваат документарни емисии кои се многу прифатени. Тоа упатува на фактот дека на нашите ТВ со национална концесија силно недостигаат документарните емисии од сопствено производство“, вели професор Стојановски.