И Берово ќе добие мерна станица за амбиенталниот воздух

Штип, 18.01.2019

Покрај Штип, Струмица, Прилеп и две во Кавадарци, Универзитетот „Гоце Делчев“ ќе постави мерна станица која ќе го мери квалитетот на амбиенталниот воздух и во Берово.

49899791_2175191392538023_4263319314083348480_n
Проф. д-р Дејан Мираковски

-Рабтиме на овој проект и до крајот на овој месец годинава Берово и Малешевијата ќе добијат таква мерна станица. Станицата ќе биде поставена на објект во самиот центар на градот, вели проф.д-р Дејан Мираковски, проректор на УГД.

Мерната станица треба да даде квалитетен одговор за квалитетот на амбиенталниот воздух во Берово, град за кој се смета дека во овој однос нема никакви проблеми. Но, таквото мислење треба и научно да биде потврдено, а тоа ќе биде направено со инсталирањето на станицата.