Кацаров ги чести децата со Енци-Менци Одделенци

Штип, 19.12.2017

Пишува: М-р Трајче Кацаров, писател

М-р Трајче Кацаров, писател

Енци-Менци Одделенци е авторски проект на писателот Трајче Кацаров. Со овој проект Кацаров ги чести штипските деца. Премиерата е закажана за петок, 22 овој месец, во 20,30 часот, на „Сцена 100“ во Домот на култура „Ацо Шопов“.

Во претставата играат: АНА МАРКОВСКА, ТАЊА МИТЕВА, РОСАНА БАДЕВА, КРИСТИНА ЛАЗОВА, СОЊА ПИЛАТОВА, БОРЧЕ МАНЕВ, СТЕФАН МИХОВ, ЈАКОВ ТРАЈАНОВ И ТРАЈЧЕ ЈОВАНОВ. КОРЕОГРАФ Е БЛАГОЈ ЏОЏЕВ. А МУЗИКАТА И МУЗИЧКАта ИЛУСТРАЦИЈА СЕ НА ЕФТИМИЈА ЈОВАНОВА.

ЕНЦИ-МЕНЦИ ОДДЕЛЕНЦИ Е ПРЕТСТАВА ЗА ДЕЦА И МЛАДИ ВО КОИ ДОМИНИРА, ИЛИ МОЖЕ ДА СЕ КАЖЕ ДЕКА ФАБУЛАТА Е ЦЕЛОСНО ПОДВЕДЕНА НА ЛИРСКИОТ ЕЛЕМЕНТ. ТОКМУ ТИЕ, РИТМИЧКИ ИЗДРЖАНИТЕ ПЕСНИ, ВО КОИ РИМАТА ЈА ДАВА ПОТРЕБНАТА ЗВУЧНОСТ НА СТИХОВИТЕ ГО ГРАДАТ СЦЕНСКИОТ АГОН.

Оние што ќе дојдат има да  уживаат, другите има да жалат. Па вие дечиња сега видете што треба да направите и каде да бидете во петок навечер во 20,30 часот!

 ПРИКАЗНАТА Е РАЗБИРЛИВА ЗАШТО ВО ДРАМСКАТА СТРУКТУРА СЕ ЗАСТАПЕНИ СИТЕ ПОТРЕБНИ ЕЛЕМЕНТИ КОИ ШТО ЈА ЧИНАТ ЦВРСТА.

ГЛАВНИОТ ЛИК СТИЛО, Е ВО ГОДИНИТЕ ВО КОИ МЕМОРИЈАТА ГО ВРАЌА ВО ДЕТСТВОТО, ВО ВРЕМЕТО КОГА ГО ДОЖИВУВА ЗАДОВОЛСТВОТО ОД ЗВУКОТ НА УЧИЛИШНОТО ЅВОНО, ДРУГАРСТВОТО, ПРВИТЕ УСПЕСИ И ПОРАЗИ НА ЉУБОВЕН ПЛАН.

СЕЌАВАЈЌИ СЕ НА СВОИТЕ СОУЧЕНИЦИ СТИЛО СОЗДАВА КРОКИ ПОРТРЕТИ КОИ  ПОЧНУВААТ ОД ПРЕКАРИТЕ НА ОДДЕЛЕНЦИТЕ ДОБИЕНИ НА ОСНОВ ИЗГЛЕДОТ, КАРАКТЕРОТ, ЖЕЛБИТЕ ЗА ДОКАЖУВАЊЕ, ЛИДЕРСТВО И СЛИЧНО, А ЗАВРШУВААТ СО СКРИЕНИТЕ СИМПАТИИ КОН ОНИЕ ОД СПРОТИВНИОТ ПОЛ.

ЗА ЕНЦИ-МЕНЦИ ОДДЕЛЕНЦИ, МОЖЕ ДА СЕ КАЖЕ ДЕКА Е ПРЕТСТАВА ЗА СЕКОЈ И ЗА СЕКАДЕ, ОДНОСНО ЗА СИТЕ ВОЗРАСТИ, ПОЧНУВАЈЌИ ОД ОНИЕ КОИ ШТОТУКУ ЗАЧЕКОРИЛЕ ПОМЕЃУ ШКОЛСКИТЕ КЛУПИ ПА ДО ОНИЕ КОИ СО УЧИЛИШНИТЕ ТЕМИ И ДИЛЕМИ СЕ СООЧУВАЛЕ ПРЕД ПОЛОВИНА ВЕК И ПОВЕЌЕ.