КОЧАНИ: Да ли Пејпар Мил навистина сака да го реши проблемот со загадувањето?

Кочани, 09.08.2021

Пред два дена Државниот инспекторат за животна средина мораше да спроведе вонреден инспекциски надзор во Пејпар Мил. Надзорот требаше да утврди и документира зашто, и покрај бројните ветувања на фирмата за производство на хартија дека ќе го реши проблемот со загадувањето, решение сеуште не наоѓа. Имено, последниве денови, откако Пајпер Мил се пофали дека го решил проблемот со несносливиот чад кој излегува од фабричкиот оџак, многу граѓани ко живеаат во близина на фабриката се пожалија дека од оџакот продолжува да излегува густ чад со неснослив мирис.

„Интересно е дека чадот го има само во ноќните часови, дали е тоа смислено за преку ден да не се гледа дека фабриката не го има решено проблемот“, напиша граѓанин на Кочани на фб.

Државниот испекторат изврши и мерења на емисиите на прашина и штетни гасови од страна на акредитирана лабораторија, ангажирана од страна на Инспекторатот. Со надзорот се утврди дека при вградувањето на новата опрема за автоматизација на системот за пречистување и одведување на отпадните гасови – се оштетени делови од вреќастиот филтер.

Пред да се влошат состојбите, акредитираната лабораторија имаше утврдено дека емисиите на прашина, со помош на вреќастиот филтер, се во обем од 8 mg/m3 (што е далеку под дозволената гранична вредност). Инспекторатот даде рок од еден месец за доведување на емисиите во рамките на овие вредности.

Во овој период, Пејпар Мил е задолжена да заврши со набавка на потребните делови за да се спречи загадувањето и поправка на целиот систем, вклучително и на новата автоматика за пречистување и одведување на гасовите. Во меѓувреме функционира водениот филтер (скрубер), а за добивање енергија се користи биомаса и плин.
Доколку со извршените мерења се утврдат надминувања на граничните вредности утврдени со дозволата, Инспекторатот ќе превземе дополнителни мерки, беше кажано од оваа државна институција.

Кочанци, посебно оние кои живеат во блзина на фабриката ја загубија довербата во тоа дека фабриката навистина сака и дека ќе го реши проблемот, бидејќи ветувања во оваа насока во зминативе неколку години постојано беа давани но вистинско решение засега нема.