КОЧАНИ: Осмоодделенката Јована Давиткова втора во шах од основните училишта во државата

Кочани, 22.12 2021

На државен натпревар во шах во Скопје, во голема конкуренција на ученички од основните училишта од државата, ученичката Јована Давиткова го освои второто место.

Давиткова е ученичка во осмо одделение во ООУ „Кирил и Методиј“ – Кочани и иако е осмо одделение, зад себе има бројни шаховски награди и успеси. Пред две години беше првак на Државниот напревар во шах за девојчиња.

Честитки за убавиот успех упати и градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов.