КОЧАНИ: Претседателката на Здружението „Грин.орг“ шири лажни информации во врска со мини хидроцентралата на Мала Река

Кочани, 02.06.2021

Администраторот на фејсбук-групата „Кочани со срце за чист воздух, вода, почва“ Ана Симонова, која е претседателка на Здружението „Грин.орг“, во објава на Фејсбук изнесе невистини за наводна трансакција на средства од градителот на мини хидроцентралата на сметката на Општина Кочани, по склучен договор во 2018 година, износ чија трага се губи.

194216442_300312771773912_5070219297256510496_nОпштина Кочани остро ги отфрла ваквите лаги и смета дека станува збор за пропаганда со умисла. Како илустрација на лажните аргументи од објавата на Ана Симонова е спомнувањето на „склучен договор во 2018 г.“, документ што не постои, исто како и трансакцијата. Токму од тие причини Општина Кочани смета дека под превезот на заштита на животната средина, Ана Симонова ја дезинформира јавноста и се обидува да влијае на јавното мислење.

Со оваа објава Ана Симонова упатува на коруптивни активности за кои ќе треба да излезе со докази. Затоа Општина Кочани ги повикува надлежните институции да реагираат по допрен глас и да извршат финансиска проверка.  Во меѓувреме, Општина Кочани побара извинување од претседателката на „Грин.орг“, во спротивно ќе ги преземе сите правни мерки согласно законската регулатива.

Како потврда дека Ана Симонова во континуитет ја дезинформира јавноста е и нејзината објава претходниот викенд на истата фејсбук-група. Симонова информираше за постоење место во Кочани со коски од мртви кучиња, со што лажно ја вознемири јавноста и предизвика низа институционални реакции проследени со финансиски издатоци.

Во март оваа година, Ана Симонова преку социјалните мрежи објавуваше и понижувачки фотографии поврзани со инспектори од Општина Кочани, за што, за да ја избегне правната одговорност, јавно се извинуваше.

Општина Кочани ги известува граѓаните да бидат внимателни кон објавитe и да пристапуваат со поверка на факти по изнесените информации од претседателката на Здружението „Грин.орг“ и фејсбук-групата „Кочани со срце за чист воздух, вода, почва“.