КОЧАНИ: Се асфалтира улицата „Царка Ѓорѓиева“ во Оризари

Кочани, 15.09.2021

Со поставувањето на асфалтниот слој, привршува изградбата на улицата „Царка Ѓоргиева“ во Оризари. Изведувачот, градежната фирма „Стоименов“ работи на асфалтирање на 450 метри на улицата што ги поврзува неодамна асфалтираните „АСНОМ“ и „Ангел Донев“. Со ова се реализиран уште еден инфраструктурен проект од Програмата за уредување на градежното земјиште  на Општина Кочани за 2021 година.

Деновиве заврши и реконструкцијата на улицата „Иван Иванов-Балашо“, на крак долг 800 метри, а асфалтирани се и улиците „529“ во населбата Усова Чешма и „Димитрија Лазаров“ во Белското Маало.

На улицата „Страшо Ербапче“ до влезот на селото Бели се гради тротоар во должина од 908 м, траса која ќе биде осветлена. На тој начин ќе се уреди уште една пешачка зона што ќе го поврзува центарот со населено место и на пешаците ќе им овозможи побезбедно движење на оваа релација.

(Љ.А.)