КОЧАНИ: Традиционалното моторели утре минува низ Кочани

Кочани, 02.09.2021

По повод 8 Септември, Мотофедерацијата на Северна Македонија по триесетти пат ќе го одржи традиционалното рели низ целата држава.

Во тридневното возење до повеќе градови се вклучува и Мотоклубот „Желки“ од Кочани, кој со свои членови учествува и во организацијата на релито.

Според информациите на Момчило Хаџи Паунов, претседател на кочанското мотоциклистичко здружение,  в петок, на 3 септември, околу 400 учесници во релито  ќе направат обиколка низ Кочани, каде ќе ја имаат и првата попатна пауза. Во периодот меѓу 11 и 12 часот учесниците ќе паузираат со кафе и ужина кај Градскиот стадион во Кочани, а потоа ќе продолжат кон Делчево, Берово, Струмица и Охрид.

Мотоклубот „Желки“ од Кочани, како рамноправна членка на Федерацијата, со овој настан на сите граѓанки и граѓани на Република Северна Македонија им го честита 8 Септември, испраќајќи порака до сите мотоциклисти при возењето да носат кацига и задолжително да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Настанот се организира со финансиска поддршка од Општина Кочани.