Од четврток до сабота – традиционална книжевна манифестација „Струшки книжевни средби – 2018“

 Охрид, 2 јули

– Традиционалната Книжевната манифестација  „Струшки книжевни средби – 2018“, годинава, во терминот од  5 до 7 јули, ќе се одржи на повеќе локации во општините: Струга, Охрид, Дебрца и Вевчани.

Тридневната манифестација содржи бројни случувања, како поетски читања, ликовна изложба,  мала Ликовна колонија, промоции на книги, доделување на наградата, „Струшко слово“ на добитниците за 2018 година  Никола Шимиќ Тонин (Хрватска) и Јордан Ѓорчев (Македонија), доделување на наградата „Крсте Чачански“ и „Јован Котески“ за 2018 година, доделување на наградата „Книжевна далга“, за 2018 година,  на добитникот Виктор Шеќероски, како и доделување на наградата „ Книжевни бранови“ за најдобра прочитана песна на средбите.

За учесниците е планирано разгледување на Ликовната галерија во село Белчишта, на природниот резерват “Сини Вирој”, посета на родната куќа и “Спомен собата” на писателот Ванчо Николески, родоначалник на македонската литература за деца во село Црвена Вода.

За учесниците е планирано разгледување на Ликовната галерија во село Белчишта, на природниот резерват Сини Вирој, посета на родната куќа и Спомен собата на писателот Ванчо Николески, родоначалник на македонската литература за деца во село Црвена Вода.

На истото место,  учесниците и присутните гости, ќе имаат можност да го погледаат  ИЗБОРОТ од  вредните дела на реномирани ликовни уметници – учесници на Ликовната колонија “Дебрца”, мегу кои: Јордан  Манасиески, Ѓоко Целески, Васко Ташковски, Јоне Симонче, Вангел Наумоски, Сергеј Андреески, Мето Георгиевски, Петар Мазев и многу други.

На самото место, на мини ”Ликовната колонија”, свои ликовни дела ќе создава познатото уметничко и брачно дуо: Емилија и Стојче Тоциновски од Скопје, единствени, како такви, на Балканот.

Средбите ќе завршат во сабота, 7. јули,  со  “Етно хепенинг” – книжевно музички перформанс со Мојца и Питер Андреј (Словенија).Поетите ќе  читаат песни од своето творештво.

На годинешните Средби, кои се регионални за 4 општини од ЈЗ Македонија, учествуваат поети од Македопнија, Србија, Хрватска, Албанија, Русија и Словенија.

Македонските и српски писатели се членови на здружението „Бран“ од Струга и „Седумка“ од Франкфурт на Мајна – Германија, потоа од  “ХKД”  од Задар и  “Ритам мисли” од Вараждин -Хрватска, манифестација во содејство со невладината асоцијација, “Хрватско-македонската Тагента”.

Веле Митаноски

Постави коментар

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе