Општина Штип го спасува ЈП “Исар“ со 18 милиони денари

Штип, 08.06.2023

Во ЈП „Исар“ од денес послободно се дише откако мнозинството во Советот на општината донесе одлука за интервенција со буџетски пари во финансиите на претпријатието со сума од 18.000.000 денари.

Вонредната седница на Советот на општината беше на барање на градоначалникот Иван Јорданов кој пред почетокот на седницата даде нова информација во врска со овој проблем.

„Денес, по преговори со ЕВН кое ја беше блокирало сметката на ЈП Исар, постигнавме договор блокадата да се тргне за претпријатието да може да ги обавува сите свои активности, што не значи дека барањето за финансиска помош од основачот, а тоа е Општина Штип престанува како потреба. Ние и понатаму како негов основач, упорно ќе работиме на финансиска и секаква друга консолидација на ЈП „Исар“, информира на почетокот од седницата градоначалникот Јорданов.

Слушнавме спротивставени дискусии на тема „Кој тоа финансиски го зариба јавното претпријатие“, при што главниот збор го водеа координаторите на советничките групи на ВМРО ДПМНЕ и на СДСМ.

Маријана Рогожарска Поповска, координатор на советничката група на СДСМ во законските акти на локалната самоуправа не  најде елементи според кои финансиските проблеми на јавното претпријатие можеле да бидат повод за свикување вонредна седница, на што се спротивстави нејзиниот колега од ВМРО ДПМНЕ Душко Иванов.

По два часа работа на Советот советничкото мнозинство го прифати барањето на градоначалникот Јорданов па од општинскиот буџет на сметката на ЈП „Исар“ ургентно ќе бидат префрлени 300.000 евра.

Постави коментар

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе