Партнерскиот универзтет на Славјански од Тамбовск, Русија меѓу 766 врвни светски универзитети

Свети Николе, 29.04.2020

Тамбовскиот државен универзитет „Гаврило Романович Державин“ е рангиран меѓу 766-те врвни светски универзитети како исклучително популарен кај странските студенти кои одат да студираат во Русија. Ова признание дојде од британското списание Times Higher Education  специјализирано за оценување на квалитетот на светските високообразовни институции.

„За нас ова признание им посебно значење бидејќи Тамбовскиот универзитет е партнерски универзитет на нашиот Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“ Свети Николе-Битола“, вели д-р Јордан Ѓорчев, пртседател на УО на Славјански.

Тамбовскиот универзитет има голем број странски студенти, а тие доаѓаат од 70 земји од целиот свет.

„Седум студенти од Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ имаат дипломирано и на нашиот партнерскиот универзитет во 2019 година“, информира Ѓорчев.