По три дена, повторно поскапуваат горивата

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕВУ) на Република Северна Македонија донесе одлука за зголемување на цените на нафтените деривати. Претходната одлука за поскапување на горивата беше донесена во петокот.

Од Регулаторна како причини за ваквиот потег наведуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка (20 јануари 2023) бележат зголемување во просек: кај бензините за 1,230 отсто, кај дизелот за 0,888 отсто, кај екстра лесното масло за 0,799 отсто и кај мазутот за 0,848 отсто. Дополнително на поскапувањето влијае и падот на денарот во однос на доларот од последната пресметка, односно доларот „поскапел за 0,1 отсто.

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 0,5 ден/лит.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менува.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,228 ден/кг и сега ќе изнесува 41,042 ден/кг.

Новите цени стапуваат на сила од првата минута по полноќ:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 = 83 денари/литар
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 = 85 денари/литар
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) = 84 денари/литар
Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) = 83,5 денари/литар
Мазут М-1 НС = 41,042 денари/килограм