ПРИТИСОКОТ МУ СКОКНА, ДОБИ И ВРТОГЛАВИЦА: Претседателот на Аргентина побара помош од лекар на почетокот на самитот Г20

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ на Аргентина, Алберто Фернандез, побарал лекарска помош поради висок крвен притисок и вртоглавица, по отворањето на самитот на Групата дваесет (Г20) на Бали, соопшти прес-службата на администрацијата на претседателот.

– Аргентинскиот претседател Алберто Фернандез се пожали на висок крвен притисок и вртоглавица. Во таа насока, одлучено е да се изврши дијагностички преглед за да се избегнат компликации – се вели во соопштението потпишано од докторот кој го прегледал шефот на аргентинската држава.

Претходно прес-службата соопшти дека Фернандез учествувал на свеченото отворање на самитот. Како што пренесува весникот „Кларин“, на првиот ден од самитот, наместо претседателот, Аргентина ќе ја претставува министерот за надворешни работи Сантијаго Кафиеро.