Пукање во Турското маало во Струмица

Струмица, 05.12.2016

Како што јавува jugoinfo.mk нешто по 18 часот вечерва во Турското маало во Струмица се случи инцидент, во кој е употребено огнено оружје. Имено, се слушнале три истрели од пиштол кои завршиле во воздух. Пукањето се случило во непосредна близина на штаб на СДСМ, на улицата „Бетовенова“ пред колонијалната продавница.

15301119_1119727968138206_1494858939_nСпоред изјави на очевидци се појавиле двајца мажи, кои се претставиле како полицајци и во обидот да уапсат еден млад жител на маалото дошло до инцидент, откако поголем број на жители се обиделе да оттргнат момчето од полицајците, по што еден од нив испукал во воздук три куршуми.

15356924_1119727991471537_972591363_n-Се појавија тука прашувајќи каде е центарот на градот и дека наводно камионот им останал дефект. Ние си продолживме кон продавницата. Мојот другар  се упати кон штабот на СДСМ, а јас  кон продавницата. Одеднаш излегоа од колата, која имаше регистарски таблички само одзади и на другар ми му ставија лисици на рацете и сакаа да го внесат во автомобилот. Одеднаш се создаде метеж и слушнав само репетирање на пиштол и едниот од нив испука три куршуми во воздух. Со лисици на рацето другар ми се упати кон штабот и веднаш беше повикана полицијата,а ние со жив штит го чувавме штабот и нашиот другар, изјави еден очевидец.

15388576_1119730738137929_371414258_oНа местото на настанот имаше повеќе полициски возила, а увид изврши и јавен обвинител од ЈО Струмица.

Р.Т.