РУДНИК БУЧИМ со нова поддршка во развојот на локалната инфраструктура во Општина Радовиш

Радовиш, 22.06.2022

Рудникот за бакар Бучим ја потврдува својата заложба за унапредување на одржливот развој на локалната заедница преку поддршка на општината во инвестиции за реконструкција и изградба на локална патна инфраструктура.

b02Денес препознавајќи ги потреби на заедницата, ДПТУ “Бучим” ДОО Радовиш и Општина Радовиш потпишаа договор за донација на 10.000 м3 тампон од дробен камен за поддршка на инфраструктурни проекти во Радовиш, во вредност од  околу 40.000 евра.

Во текот на претстојниот период, рудникот Бучим ќе овозможи на Општина Радовиш тампон од дробен камен наменет за реализација на инфраструктурни проекти во општината, со што ќе се овозможи изградба и доуредување на локалните улици за подобри услови и олеснета пристапност на жителите до нивните домови и  воедно ќе се придонесе за подобрување на комуникацијата помеѓу населените места, како и околните населени места во регионот, што е од посебно значење за жителите и развојот на општината.

b03“Како партнери на локалната заедница, фокусирани сме кон обезбедување вредност за општеството и се залагаме за поддршка и реализација на проекти кои што се насочени кон подобрување на квалитетот на живеење на жителите на локалните заедници. Веруваме дека преку својата општествена одговорност може да придонесеме во подобрувањето, унапредувањето и во развојот на заедницата во која што делуваме. Преку поддршката на овој проект за реконструкција и изградба на локална патна инфраструктура ќе се овозможи поврзување на населените места во Радовиш, а со тоа ќе им се овозможи повисок и поквалитетен животен стандард на жителите, што во суштина значи и константно подобрување на условите за живот,” – изјави Олег Чусовитин, генерален директор на Бучим.