РУДНИК САСА: Парични награди за вработените и донација од 120.000 долари за нов градски парк

Македонска Каменица, 31.08.2021

И покрај сите предизвици и ограничувања предизвикани од Ковид-19 пандемијата, Рудник САСА и оваа година на соодветен начин го одбележа 28. Август – Денот на рударите.

q04По повод празникот, сите 705 вработени во САСА добија парични награди и подароци, а дополнително на 122 вработени им беа врачени специјални парични награди и признанија за нивниот извонреден придонес во безбедноста и здравјето при работа и перформансите на нивните работни места.

Оваа година САСА, во чест на Денот на рударите, преку својата Фондација за поддршка на одржливиот развој, донираше над 120.000 долари во изградба на нов парк „Младост“ во Македонска Каменица, чија изградба започна на 12 јуни оваа година, на одбележувањето на

15-годишнината од рестартирањето на рудникот.

„Сите ние во тимот на САСА сме задоволни што и покрај сите ограничувања што ги наметна пандемијата и оваа година успеавме на безбеден начин да го одржиме производството и, со поддршка од нашите инвеститори – Централ Азија Металс, да продолжиме да вложуваме во современа рударска опрема и технологија, во унапредување на безбедноста и дигитализација на техничките процеси, во подигнување на стандардите и работните услови во рудникот, како и во благосостојбата и професионалниот развој на сите наши вработени. Секако, исклучително сме горди и на големиот број проекти за поддршка на заедницата што ги реализиравме во изминатиот период, како и на оние што се планирани за во иднина, во областа на образованието, спортот, животната средина, здравствената заштита и ранливите социјални групи, изјави Скот Јеланд, генерален директор на Саса..

q03Тој порача дека и во наредниот период САСА ќе продолжи да инвестираме во сите сегменти кои треба да обезбедат оптимално функционирање на рудникот на долг рок, како и во дополнителни вработувања, а ќе продолжи и со вложувањата во сите области кои се значајни за долгорочниот просперитет на луѓето и на локалната заедница.

Скот Јеланд им го честита годинешниот празник на сите рудари и вработени во македонската рударска индустрија.

На фотографиите: Паркот на младите финансиран од рудник САСА и генералниот директор Скот Јеланд (десно) со еден од наградените рудари.