СДСМ ШТИП: Захариев од своите направи сервилен совет

Штип, 09.10.2017

На самиот крај од мандатот на оваа локална власт во општина Штип , предводена од Илчо Захариев ,чесно е, а воедно тоа е и наша обврска, да дадеме оценка за она што е направено, а што требаше да се направи. Ова го рече Јане Миланов, досегашен и иден советник во Општинскиот совет на Штип. Миланов уште порача:

Jane mIlanovГлавен белег беше односот помеѓу градоначалникот Захариев и мнозинството од Советот на ВМРО ДПМНЕ. Колку градоначалникот се однесуваше поавтократски, поапсолутистички кон неговите во Советот, толку тие беа попослушни и посервилни кон него, прифаќајќи ја улогата на гласачка машинерија и изгласувајќи ги сите нарачки и желби на Илчо Захариев. Но , сепак на крајот на мандатот тиквата пукна па на виделина пред целата јавност излезе се она што советниците на ВМРО ДПМНЕ , на чело со претседателот на Советот морале да го трпат, потиснуваат и голтајќи кнедли слепо да ги извршуваат наредбите на Илчо Захариев. За неговиот однос кон Советот и Претседателот на Советот најдобро сведочат токму зборовите на претседателот на Советот, Влатко Миташев, кој е од редовите на неговата партија: “Градоначалникот се однесуваше апсолутистички; Спасував глава од потпишување на криминални одлуки; Од афалтирањето градоначалникот направи приватна забава па асфалтираше кај сака; Градоначалникот ја земаше поштата насловена до Советот и неовластено им одговараше на странките што му се обраќаа на Советот; Кулминација на лошите односи е блокирањето на телефонот на Претседателот на Советот од страна на градоначалникот Захариев, и престанок на секаква комуникација!”

И бидејќи Захариев асфалтирањето го претвори во приватна забава, тој тоа го правеше во манир на најголем популист. Не водејќи сметка за приоритети, за квалитет и за вистинска реконструкција на улиците, тој асфалтираше бројни улици, а пред се улички, водејќи се од принципот една уличка еден проект. Асфалтираше без  претходна замена и реконструкција на старата водоводна и канализациона мрежа, покривајќи ги постоечките коцки со тенок слој асфалт, под кој коцките се бројат како ребрата на бројните кучиња скитници низ градот. Потроши четири годишни буџети на општината во вкупен износ од 24 милиони евра, пари на граѓаните, а што добивме за возврат? Неквалитетен асфалт со рок на траење до првиот пообилен дожд, оставајќи при тоа нерешени огромен број прашања кои се од суштински интерес за граѓаните: сообраќаен хаос , глутници кучиња по улиците,  делови од градот кои се уште немаат канализација и водовод, пустош во спортот, пустош во културата, во образованието.

И сега, тој човек, човекот во кој не веруваат веќе и неговите најблиски соработници, ја бара повторно довербата на граѓаните за уште еден мандат! Но на 15 октомври, граѓаните ослободени од стегите на доскорашниот режим, ќе знаат да го направат вистинскиот избор, гласајќи за живот во Штип за сите.