СДСМ ШТИП: За 2,5 години станавме модерна европска држава

Штип, 21.10.2019

За нешто помалку од две и пол години Република Северна Македонија стана модерна, европска држава. Успехот на реформите спроведени од Владата предводена од СДСМ се признаени од целиот демократски свет.

Ова денес, на прес конференција, го рекоа од владеачката партија во Штип.

-За само две години СДСМ преку политиките кои ги води, реши повеќедецениски спор, гради пријателски односи со сите соседи, економијата не само што ја стабилизира туку и таа денес е во раст, со бројни мерки го подигна животниот стандард и го врати достоинството на граѓаните. Граѓаните ги препознаа заложбите на СДСМ, затоа и тогаш дадоа силна подршка и тоа ќе го направат повторно.

Очигледен е стравот кај ВМРО-ДПМНЕ, очигледно е колку се уплашени од предвремени брзи избори.СДСМ наспроти ВМРО-ДПМНЕ води. Водиме со 3% поени, тоа го објавуваат јавно и транспарентно сите кредибилни агенции кои го испитуваат јавното мислење.

Најцрните страници од македонската историја се напишани токму од ВМРО-ДПМНЕ. Нивното единаесетгодишно владеење остави огромни последици и врз државата и врз граѓаните. Изолирана држава скарана со соседите, економија во пад, осиромашување на граѓаните, а од друга страна нивната криминална врхушка ги ограбуваше граѓаните и лично се богатеше. Тоа е сликата која ја остави ВМРО-ДПМНЕ зад себе, реко од СДСМ..

Според нив, граѓаните имаат мандат да одлучат дали да одиме по вистинскиот пат на демократски и европски вредности, патот на развој и просперитет, патот што води напред или да одиме по мрачниот пат на изолација, национализам, поделби и конфликти, односно патот што води назад.

-Нема дилеми дека граѓаните уште еднаш ќе ја обезбедат иднината и ќе ги поразат политиките на поделби, деструкција и неодговорно однесување. Граѓаните се приклучуваат на правиот пат, патот на раст и развој, интеграција, повисоки плати и повисок животен стандард за сите.

Нашата држава тргна напред и ќе продолжи кон патот на евроинтеграцијата , затоа што тоа е местото кое го заслужува. Иднина полна со успеси, а ослободена од вмровска деструкција и пизма. Тоа е иднината која ни претстои на сите, рече на пресот Маќедонка Николова, секретар на Општинската организација на СДСМ.