Селанска буна лево, селанска буна десно , а ги лажат дека во ЕУ ќе им било полошо!

Штип, 24.08.2018 

Пишува: Иван Бојаџиски
Пишува: Иван Бојаџиски

Лозарите од Тиквешијата остануваат на барањата за повисоки цени на грозјето и одлуката да блокираат патишта, доколку винарите останат глуви на нивните реакции. Ова утринава го потврди за МИА Трајче Кулев, претседател на Здружението “Напредни лозари”.

„По повикот на Здружението лозарите да дојдат и со потпис да ни дадат поддршка за протести доколку не добиеме повисоки цени, синоќа се собраа лозари кои ја поддржаа идејата за блокирање на патишта, како револт кон игнорантскиот однос на винарниците, рече Кулев. Нагласи дека експресно реагирале државната и локалната власт, па за вечерва била закажана средба во Кавадарци, на која се очекувал и премиерот Зоран Заев“. Ова денес го објави Радио Холидеј од Кавадарци.

Во исто време сливарите, оние кои на повик и со најавени големи субвенции на бившата власт насадија илјадници хектари излажани дека целиот род државата ќе им го откупи ако нема кој друг, сега се закануваат со фрлање во реките на богатиот род зашто немало кој да им го купи. Тие не сакале да продават килограм квалитетна слива за 5 денари. Тоа е, секако разумен револт.

Доаѓа есен и кај и да е ќе ги видиме блокирани патиштата во кочанско, штипско и во виничкиот дел од државата. Ќе се дигне нова селанска буна зашто оризот ќе има ниска откупна цена, а и старото производство во големи количини си стои во амбарите. Ја нема Југославија, го нема пазарот од 22 милиони народ, нема систем „една реколта едно станче во Штип, две реколти и цела куќа“.

Во поранешна Југославија кога имавме пазар од 22 милиони народ од една реколта ориз се купуваше стан во Штип, денес оризот од стара жетва стои во амбарите, ама на багабонтите од „Бојкотирам“  не им бил по ќеф пазар од 500 милиони народ ако влезем во Европската Унија!

Затоа пак со влезот во Европската унија (ЕУ) на сите нас, на земјоделците посебно, им се отвора пазар од 500 милиони народ. Народ кој може да купи и да изеде се што се продава на стариот континент, а и надвор од него.

Па сега: ако драги земјоделци бевте презадоволни со пазар од 22 милиони народ, контате ли како ќе ви биде со 25 пати поголем пазар, односно со половина милијарда народ, потрошувачи, кои имаат високи плати и сакаат квалитетно да се хранат?

Продолжете си, ако си сакате, да им верувате на оние од „Бојкотирам“, на багабонтите кои од себични причини ве лажат дека влезот во ЕУ е штетен за нас. Продолжете да играте на картата на нивната ситна душа, зашто зад  нивните ставови не се крие грижа за име, за држава, за народ, за добар живот, за вашата-народна судбина, туку само грижа за да си ги задржат големите привилегии кои по никаква цена ги немаат заслужено.

Ете зашто излегувањето на референдумот за НАТО и ЕУ е прашање од наш највисок приоритет. Прашање на нашиот опстанок. Прашање на нашиот подобар живот тука, дома а не во туѓина.

Јас мислам дека и вие си мислите оти се разбравме.