СЛАВЈАНСКИ: Посета на Великотрновскиот универзитет „Св. св. Кирил и Методиј” во рамки на Еразмус+

Свети Николе, 14.06.2021

Делегација од МСУ деновиве е во посета на Великотрновскиот универзитет „Св. св. Кирил и Методиј” од Бугарија во рамките на програмата Еразмус+, во делот на мобилност за наставен и административен кадар.

Денес беше остварена средба со ректорот на Великотрновскиот универзитет, проф. д-р Христо Бонџолов, на која се дискутираше за продлабочување на соработката преку Еразмус+ и заедничка работа на проекти во иднина, информираа од Меѓународниот славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“, Свети Николе-Битола.