СЛАВЈАНСКИ: Ѓорчев со прием во чест на Трајче Кацаров, добитник на наградата „Григор Прличев“ за најдобра поема во 2021 година

Свети Николе, 07.02.2022

Проф.д-р Јордан Ѓорчев, претседател на Управниот одбор на Меѓународниот Славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“ Свети Николе-Битола, денес организира прием за поетот, раскажувач, есеист, драмски автор и колумнист м-р Трајче Кацаров. Приемот на Славјански беше по повод доделувањето на наградата „Григор Прличев“ за најдобра поема во 2021 година, која на Трајче Кацаров му беше врачена вчера во Домот на култура „Григор Прличев“ во Охрид.

На приемот присуствуваа и професори од МСУ  меѓу кои беше и Емил Димитирев, поранешен технички премиер во Владата на Македонија.

Ѓорчев истакна дека Трајче Кацаров е една од клучните фигури во писателската фела во нашата држава, истакнат поет и раскажувач кој неуморно твори на радост на читателската публика во Македонија и во државите во кои неговите  книги се преведувани и издавани.

Кацаров се заблагодари за укажаната чест и вети дека пред студенти на Славјански ќе одржи предавање за значењето на литературата и културата за секоја современа држава во светот, а со тоа и за Македонија како дел од тој свет.

Постави коментар

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе