ТУШЕВ: Вемерето остави долг во училиштата од 240.000 евра

Штип, 05.06.2018

Додека ОК ВМРО-ДПМНЕ Штип продолжува со рециклирано ширење стари лажни вести, притоа губејќи секаков реален колосек на политичката сцена, денеска сакаме да го насочиме вниманието на јавноста кон проблемите коишто новата локална власт ги наследи заради расипништвото и неодговорното работење на претходните раководства од ВМРО-ДПМНЕ.

Ова, на прес конференција, денес го изјави Никола Тушев, претседател на ОО на СДСМ Штип.

Според Тушев, еден од многуте наследени проблеми со кој се соочува актуелната локална власт се долговите на средните општински училишта.

-Збирно, заклучно со ден 31.12.2017 год., четирите средни општински училишта во Штип должеле 14.600.000 денари. ВМРО ДПМНЕ не водел сметка за образованието и условите за учење на учениците и оставил долгови од речиси 240 илјади евра (237.398 евра).Ова е уште една потврда за тоа како кадрите на ВМРО-ДПМНЕ, расипнички и неодговорно дозволувале долговите за нафта и превоз на ученици да се наталожуваат со години“, рече првиот штипски социјалдемократ.

Според Тушев, ВМРО-ДПМНЕ е партијата чиишто функционери денес дрско, безобразно и без срам се расфрлаат со неосновани обвинувања, а кои зад себе остави финансиски, инфраструктурен и организационен пустош.

-Граѓаните избраа промени со што заврши времето на лошото и неодговорно владеење на ВМРО-ДПМНЕ што ги оставаше училиштата во долгови. Новата локална власт предводена од СДСМ и градоначалникот Бочварски ги санира овие проблеми и преку посебни мерки ќе ги исплати сите долгови.

Досега, со помош на Министерството за образование, исплатени се значителни средства во износ од 4.149.000 денари (67.463 евра), со што долгот е намален за 28%. Наследените долгови постепено се отплаќаат, а училиштата се доведени во оптимална кондиција, при што се обезбедени достоинствени услови за учениците и за наставничкиот кадар.

Тоа е вредносна и суштинска разлика. За граѓаните, за учениците, за сите. Ги решаваме проблемите и создаваме образование без притисоци,