„Чекориме заедно“, преубав проект на МСУ

Битола, 01.03.2018

Студенти од МСУ „Гаврило Романович Державин“ Свети Николе-Битол, денеска во Битола реализизраа преубав проект под наслов „Чекориме заедно“. Проектот е реализиран во просториите на Заводот за рехабилитација на деца со оштетен слух говор, глас и други проблеми во развојот „Кочо Рацин“.

Натали Здравеска, студент на Факултетот за пихологија при МСУ и еден од иницијаторите на овој проект, изјави:

msi-4-800x546– Ова го реализираме затоа што сè уште во главата ми ѕунат зборовите на едно дете со посебни потреби, кое одржа говор за неговите чувства и ме остави без зборови, а со солзи во очите рече: „Зарем вие не мислите дека и ние сме луѓе како вас? Зарем не сметате дека нема потреба да нè казнувате веќе кога природата го сторила тоа доволно? Со секој ваш чуден поглед исполнет со сожалување и презир вие ми отварате една длабока рана во срцето, а тоа е веќе цело прекриено со лузни и милион гребнатинки кои многу болат. Се надевам и барам добар збор и човек кој нема да ме презира и кај кој тие прашања нема да бидат секојдневие. Еднаш не го задржувајте погледот на мене и ве молам прифатете ме како обичен човек!“ –рече детето и ја напушти говорницата.

msi-1-800x594Затоа што вашите лица на некои му изгледаат поинаку, но не и нас, како и нашата љубов кон вас е иста, секогаш иста за сè. А, вашето срце сега кога мислите дека ќе ви избега од градите секогаш ќе биде дел од нашите срца, вашата радост која блеска и ја маѓепсува оваа мала просторија е и на наша радост и затоа сме тука пак заедно,, чекор по чекор, до нашата цел. Заради вас сме дел од овој проект, јас и мојата колешка Натали кои одлучивме овој ден да го поминиме со вас, додаде Здравко Ставров, исто така студент по психологија.

Сите штитеници на Заводот „Кочо Рацин“ во рамките на проектот добија прибор за цртање и заедно со студентите по психологија изработија детски цртежи. Додека децата и студентите цртаа за нив пееше и ги забавуваше познатата ѕвезда Ристе Ристески.

(Фото: Bitola news)