Чудо во Виница: После 30 години нов ровокопач за ЈКП “Солидарност“

Виница, 05.12.2018

 По пауза од неверојатни триесет години општина Виница и нејзиното Јавно комунално претпријатие „Солидарност“ набавија нов ровокопач.   Машината денес беше промовиран во работниот круг на спомнатото јавно претпријатие, а на промоцијата присуствува и градоначалникот на општина Виница Ивица Димитров како и директорот на ЈКП „Солидарност“ Игор Христов.

Игор Христов и Ивица Димитров (прв и втор од лево)
Игор Христов и Ивица Димитров (прв и втор од лево)

„Нашата градежна група досега работеше со ровокопач набавен во далечната 1989 година. Оваа машина ќе помогне на еден побрз и поквалитетен начин да ја реализираме програмата од комуналната сфера, а се во интерес на жителите на нашата општина“, рече директорот Игор Христов.

Според градоначалникот Ивица Димитров ова возило е обезбедено со грант од Светска Банка во висина од 2,6 милиони денари, и дополнителни 1,7 милиони денари се средства од Буџетот на општината, или вкупната вредност на возилото е 4.243.000,00 денари. Веќе во јануари или фебруари месец се очекува да пристигне уште едно возило за подобрување на комуналните услуги, а ќе биде наменето за собирање комунален отпад. Во најава е набавка на уште едно возило се со цел комплетирање на потребите на јавното претпријатие со механизација во насока на сервисирањето на секојдневните услуги од значењеза граѓаните“,. Реч Димитров.

Постави коментар

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе