ШЕКЕРИНСКА ОД ШТИП: Ново зголемување на платите во АРМ

Штип, 21.01.2020

Министерската за одбрана, Радмила Шекеринска заедно со британскиот бригаден генерал, Хју Лојд Џонс денеска ги посетија припадниците на Армијата во Касарната „Јане Сандански“ во Штип. Во изјава за медиумите таа рече дека штипската Касарна е место за добри вести.

„Тука бев кога за прв пат најавивме подобрување на условите за работа и покачување на платите на припадниците на Армијата пред две години. После две вакви покачувања, денеска во Штип можам да потврдам дека на сите припадници на Армијата од крајот на овој месец, платите на сите цивилни лица во Армијата ќе бидат дополнително зголемени за 10%, а дека со почеток од март годинава, сите припадници на Армијата, оние коишто имаат над тригодишни договори, ќе добиваат месечни надоместоци за станарина во износ од 7 000 денари секој месец. Тоа значи дека ако пред две и пол години, платата на одреден професионален војник изнесувала 20.000 денари, тогаш заедно со овие покачувања, заедно со станарината, тој или таа сега секој месец ќе добиваат над 30.000 денари, што значи дека токму за оние коишто имаат најниски примања во Армијата, зголемувањето на месечните приливи ќе биде над 50%“, рече Шекеринска.

Шекеринска додаде дека на овој начин се зголемува мотивираноста и желбата на припадниците да продолжат тука да работат, но и се подобруваат условите со што се покажува дека нашата Армија е подготвена да биде Армија на НАТО.

Постави коментар

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе