ШПАНИЈА: Половина од медицинските сестри сакаат да ја сменат професијата поради истоштеност од пандемијата со Корона – 19

Штип, 08.02.2022

Според анкета направена во Шпанија половина од вкупниот број медицински сестри во оваа 48 милионска држава би ја смениле работата поради истоштеноста и искуствата кои ги доживеале за време на справувањето во време на светската здравствена криза настаната од вирусот Ковид – 19.

Истражувањето е спроведено во текот на минатиот месец при што биле интервјуирани 19.300 медицински сестри, а според анкетата 85 проценти од медицинскиот персонал страда од психолошки и емоционални проблеми.

Медицинските сестри кои учествувале во ова истражување посочиле дека состојбата била многу загрижувачка, посебно на одделенијата за интензивна нега, примарната здравствена заштита и брзата помош. Нешто над половина од анкетираните сестри рекле дека размислуваат за промена на професијата поради пандемијата и нејзините погубни ефекти врз нивното здравје.

Во оваа држава која е на 24 место во светот по бројот на жители, близу 48 проценти од медицинските сестри биле заразени со Ковид – 19.

Посебно значајно е тоа што на третина од оние кои работат во овие одделенија им е дијагностицирана депресија, шест од десет медицински сестри страдаат од несоница, нешто повеќе од две третини страдаат од тешки симптоми на анксиознос, 88 проценти се под од стрес, додека 58 од 100 медицински сестри имаат напади на страв.

Флорентино Раја Перез, претседател на Генералниот совет за медицински сестри, порачал дека поради недостиг на персонал, дозволувањето на голем број медицински сестри да ја напуштат професијата е неодговорно однесување од страна на менаџерите и раководствата на болниците. Перез побарал да се размисли за дополнителни стимулации, бидејќи 63 проценти од сестрите кои имаат можност за предвремено пензионирање планираат да си заминат

Постави коментар

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе