Штипјанецот Успрцов го искачи врвот Дамаванд во Иран висок 5.671 метар

Штип, 24.08.2022

Планинарот Зоран Успрцов кој е роден штипјанец, а е член на Планинарскиот клуб Кораб од Скопје, деновиве го освои (искачи) планинарскиот врв Damavand  во Република Иран.

Се работи за највисокиот врв во Иран и Западна Азија со надморска височина од 5.671 метри.

Успрцов беше дел од тимот составен од планинари од Србија, Бих и Северна Македонија. Групата тргна од Скопје па преку Белград продолжи за Истанбул, а оттаму до Техеран. Таа беше дел од мисијата за освојување на Иранската планина ДАМАВАНД поход кој успешно беше реализиран.

Успрцов претходно ги има освоено Мон Блан, Елбрус и Арарат во Турција