ШТИП: Библиотеката „Гоце Делчев“ ги промовира библиографиите за 2019 и 2020 година, новинарот Иван Бојаџиски најзастапен автор во нив

Штип, 04.05.2022 година

Националната установа Универзитетска библиотека „Гоце Делчев“ денес, во чест на 119  годишнината од смртта на  идеолог Гоце Делчев, ги промовира двете публикувани тековни библиографии за 2019 и 2020г од издавачката дејност на библиотеката. Нејзини составувачи се библиотекарите-каталогизатори, Жаклина Петрушева и Ирена Јорданова.

Диплома за најзастапен автор му беше врачена на новинарот Иван Бојаџиски.

На денешната свеченост библиотеката ги додели и наградите за најдобри песни на тема „Мојот град“ на ученици од основни и средни училиша за што библиотеката имаше распишано конкурс. Беа наградени вкупно деветмин ученици кои наградените творби ги прочитраа пред бројната публика во просториите на библиотеката. На настанот присуствуваа и нивните наставници-ментори.