ШТИП: Високо признание за градоначалникот Бочварски

Штип, 16.02.2018

Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, е именуван за ко-претседавач во име на Делегацијата од Република Македонија што ќе учествува во работата на Заедничкиот консултативен комитет со Европската Унија, претставуван преку Комитетот на региони. Работата на ЗКК ја водат двајца ко-претседавачи, од кои, од Република Македонија е избран Благој Бочварски, градоначалник на Општина Штип, додека во име на делегацијата од Комитетот на региони на Европската Унија, копретседавач е Јасна Габриќ, градоначалничка на Општина Трбовље, Словенија.

27541044_976166045871216_2768575143368167613_nВисокото признание на Бочварски му е укажано денес на состанокот во ЗЕЛС на членовите на Делегацијата од Република Македонија кои ќе учествуваат во работата на Зaедничкиот консултативен комитет (ЗКК) со Европската Унија. Делегатите се запознаа со начинот на работа и значење на ЗКК, како и со реализираните и идни програмски активности.

28167063_976166005871220_5258654611697891243_nЗаедничкиот консултативен комитет меѓу Република Македонија и Европската Унија, претставуван преку Комитетот на региони, третира различни теми од области за кои ингеренции имаат локалните власти. Меѓу нив се можностите за искористување на европските фондови, за рурален развој, енергетска ефикасност, децентрализација, животна средина и слично. Делегатите на ЗКК можат да разменуваат и мислења околу годишни извештаи за напредокот на Република Македонија кон ЕУ, објавени од Европската комисија.