ШТИП: Во петок и сабота „Макфест“ на отворено на „Аквабела Ресорт“, фестивалот го отвора Калина Велковска

Штип, 14.09.2021

Штип е подготвен за новото издание на фестивалот на забавна музика „Макфест“ кој ќе се одржи на 17 и 18 овој месец со почеток во 20:30 часот. Ако минатата година поради пандемијата фестивалот се одржа на плоштадот „Слобода“, годинава тој има нова локација – „Аквабела ресорт“, или за недоволно упатените на просторот на бившиот Градски базен.

Денес беше извршено жребување за редоследот по кој ќе настапат пејачите на двете фестивалски вречери. Раката на градоначалникот д-р Сашко Николов беше среќна за Калина Велковска која прва ќе настапи и со тоа ќе влезе во историјата на овој фестива, а ќе ја испее пенсата „4“.

Еве го распоредот на пејачите кои ќе настапат на првата фестивалска вечер и песните кои тие ќе ги исполнат:

  1. Калина Велковска – „4“
  2. Андреа Симичиева – „Јас и ти“
  3. Ивана Василева – „Доволно е се“
  4. 2 BE – „Сто милји од мене“
  5. Александар Јосифовски – „Без неа“
  6. 4 U BAND – „Ти си негова“
  7. Александар Тодороски – „Под исто небо“
  8. Теодора – „Повторно сум силна“
  9. Вејчеслав Поповсски – „Запеј пеана запеј“
  10. Виолета Арсовска – „Нека ме снема“
  11. Марија Данева – “Твоја“
  12. Рахела Такашманова – „Ако не си ти до мене“

На втората вечер ќе настапат и првите пет најдобро пласирани од првата вечер, а редоследот од шестиот изведувач е следниот:

  1. Ѓоко Танески – „Ти“
  2. Мартинијан Кириловски – „Вистина“
  3. Полина Тасева – Огледало“
  4. Роберт Билбилов – „Луда си на мирен начин“
  5. Наталија Данаилова – „Не крши ме“
  6. Интервали – „За сите години“
  7. Александра Јанева – „Денот што ни носи“
  8. Лара – „Душа“
  9. Светле – „Збогум на лани“
  10. Филип Пешевски – „Невино“
  11. Eye Cue – „Да сме пак заедно “
  12. Дејан Тасев – „Каде беше ти“
  13. Пепа – „Длабоко“
  14. Елена Наумова – „Сонце ме грее“

Градоначалникот Николов најави дека фестивалот ќе биде отворен на поразличен начин од претходно и тоа го остави како изненадување за посетителите. На прес конференцијата која денес се одржа во Мултимедијалниот центар „Киро Глигоров“ покрај градоначалникот на Штип  говореа и уметничкиот директор на фестивалот Владимир Дојчиновски и Кирил Панајотов.