ШТИП: Гимназијалците читаа поезија во спомен собата на Ацо Шопов

Штип, 16.04.2019

Учениците од гимназијата „Славчо Стојменски“ денес имаа отворен час во спомен собата на револуционерот, општественик и поет Ацо Шопов.

57232155_345407459415885_7001658301574283264_n_447x600-Ова е во рамките на наставниот план и програма на нашето училиште, учениците ја посетија спомен собата на Ацо Шопов за од поблиску да се запознаат со неговиот лик, неговото револуционерно и поетско дело, ни рече Весна Ристова, професорка по македонски јазик и литература.

Откако ги разгледа фотографиите, документите, ракописите и бистата на Шопов,  гимназијалците присуствуваа на читање поетски творби од Шопов и од нивните соученици.

57154789_748852965508687_1650413931644059648_n_800x600Беше тоа вистински час по поезија на вистинско место, а во време кога Домот на култура кој го носи името на поетот се подготвува да го одбележи 20 април, годишнината од смртта на Ацо Шопов.

Инаку, револуционерот и поет Шопов е роден во Штип на 20 деќември 1923 година, а почина на 20 април 1982 година во Скопје.