ШТИП: Градоначалникот Николов во посета на рудникот Боров Дол

Штип, 07.07.2021

На покана на раководството на рудникот за бакар Боров Дол, денес во посета на овој стопански капацитет беше градоначалникот на Штип д-р Сашко Николов.

212565344_488357428923811_8857593725656305301_nОва посета беше од значење бидејќи со пуштањето во работа на рудникот за бакар Боров Дол,  Штип покрај метропола на текстилот, за првпат во својата историја стана и рударска општина, а првиот граѓанин на Штип посака изворно и на лице место да се запознае со она што преставува Боров Дол..

Николов имаше средба и разговори со Павло Кривинскиј, генерален директор на Боров Дол и со неговиот тим, а по средбата штипскиот градоначалник го разгледа површинскиот коп.

Инаку, рудникот Боров Дол зафаќа територија на три општиниа-Штип, Конче и Радовиш и со своите капацитети и планирано производство тој ќе има значителен придонес во економскиот и социјалниот живот на овие три општини.