ШТИП: Градоначалникот Николов во посета на децата од малиот групен дом и на ООУ „Димитар Влахов“

Штип, 28.12.2020

Денеска градоначалникот на Општина Штип, Сашко Николов во рамките на својата работна агенда ги посети дечињата кои престојуваат во малиот групен дом. При посетата на оваа институција градоначалникотна децата им подели новогодишни пакетчиња.

Притоа, прввиот граѓанин на Штип на дечињата како и на вработените им посака среќни новогодишни и божиќни празници со желби за многу здравје, среќа и љубов.

Заедно со градоначалникот беше и директорката на Центарот на Социјална работа, Златка Иванова која го извести за состојбите и инвестициите во овој мал групен дом.

Денес д-р Сашко Николов изврши увид во градежните активности за реконструкција и уредување на дворот во ООУ „Димитар Влахов“. Се работи за комплетно уредување на дворната површина со што ќе се олесни пристапот како на учениците, вработените и родителите така и на возилата кои имаат потреба во одредени моменти да стасаат до влезот на училиштето.

Дворот ќе добие комплетно нова бехатон површина со нови 24 клупи, реконструирани спортски терени, летна училница како и ново лед осветлување. Дополнително овој двор ќе се уреди и хортикултурно.

„Се наоѓаме во основното училиште Димитар Влахов кадешто се вршат градежни активности во дворот на самото училиште. Ова беше наше предизборно ветување и веднаш почнуваме со негова реализација. Целокупната инвестиција во ова  основно училиште е околу 3 милиони денари, пари од буџетот на Општина Штип,“ истакна градоначалникот Николов.

Локалната самоуправа ќе продолжи да инвестира во подобрување на инфраструктурата во образовните институции со цел непречено одвивање на образовниот процес на децата.

Постави коментар

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе