ШТИП: Градот на културата не може да најде лице за директор на Центарот за култура!

Штип, 22.08.2018

Пишува: Иван Бојаџиски
Пишува: Иван Бојаџиски

Штип, регионалниот културен центар на истокот од државата, никако да го добие новиот директор на Центарот за култура „Ацо Шопов“. На претходниот конкурс за в.д.директор беше избран дипломиранот режисер Никола Ристов, кој не се јави на новиот конкурс на Министерството за култура.

Во градот кружат информациии и „информации“ според кои во Центарот за култура во кој има(ло) околу 50 вработени,меѓу кои и драматурзи, режисери, сценаристи и најмногу актери, сите кои ги исполнуваат условите, немале храброст да се јават за директор зашто во минатите 11 години отворено застанале во поддршка на режимот. Некои од нив дури и беа гласни навивачи кога во градот доаѓаше екс премиерот на кого јавно, пред публика, како на отворена сцена,му ја искажуваа сета своја љубов сметајќи дека на таков начин ја играат улогата на животот.. А со такви личности квалитетни промени во културата не се можни.

Во градот се говори (Министерството за култура е затворено за информации од ваков карактер) дека на последниот конкурс се јавило само едно лице но тоа не ги исполнувало законските услови и условите од Статутот. Сегашната власт не сакала да го крши законот како што тоа го правеше минатата кога за директори на Домот на млади и на Националната установа универзитетска библиотека постави директори кои не ги исполнуваа условите.

Ако асолни кадри не се ја вуваат на конкурсот за директор, ако за такви во Министерството за култура не знаат, нека дојдат и нека се распрашат во Штип.  Одговорот, а со тоа и кадарот сигурно ќе го најдат. Што побргу-тоа за штипската и македонска култура подобро. Нема правдања од типот „Па квалитетните не се јавуваат“…

А за каков град во однос на културата се работи говори фактот дека токму Штип, во 2004 година, беше прогласен за прв Град на културата во Македонија и во него тогаш се одржаа бројни и значајни манифестации. Штип, на времето, покрај Скопје и Битола беше градот во кој, по завршувањето на Струшките вечери на поезијата, дел од најдобрите светски поети доаѓаа во него за пред бројна публика да читат светска поезија. Во Штип гостувал и Националниот художествен театар од Москва, со претставата „ Галеб“ и со светската глумечка легенда Инокентиј Смкоктуновски во главната улога. Македонската опера и балет редовно по двапати во годината гостувала во градот, Македонскиот и Драмскиот театар секоја своја нова премира ја прикажувале и во Штип, гостувале големи театри од главните градови на републиките во бивша Југославија, а биле издавани и голем број изданија од штипјани-видни поети и писатели, биле отворани бројни ликовни изложби и слично.

Центарот за култура (порано Дом за кулура) „Ацо Шопов“ денес е само бледа сенка во однос на онаа што како понуда му го дава на градот. Затоа интересот околу личноста која ќе застане на негово чело е оправдан. Ќе добие ли најважната културна институција во Источниот регион квалитетен менаџер кој ќе ги знае и културните потреби на штипјани и на жителите од регионот, и кој на квалитетен начин ќе го стави во функција креативниот кадар, еден ден ќе се дознае. Ова бидејќи има актери кои со години не одиграле улога, не се качиле на сцена, а платата редовно си ја добиваат. Од таков калибар има и драматурзи, режисери…Затоа е од првостепен национален интерес е Министерството на култура да не одолговлекува со изборот на првиот човек на културата во Штип. Ако асолни кадри нема или за нив не знае тогаш нека праша во Штип и ќе го наде одговорот. И човекот секако. Што побргу-тоа за штипската и македонска култура подобро.