ШТИП: Иднината на Македонија, радоста на светот, танцуваа 1.100 деца и млади

Штип, 17.06.2023

Штип денес беше центар во кој 1.100 деца и млади од цела Македонија ги искажаа своите танцувачки вештини. Уште еднаш се покажа и докажа дека децата се  иднината на нашата држава и радоста на светот.

Малите танчери дојдоа во придружба на своите учители по танц, но и на своите родители и најблиски кои сакаа да ги видат своите миленички на сцената. Практично Штип денес вриеше од возила со регистерски таблички на Куманово, Гевгелија, Скопје, Кочани, Струмица, Радовиш, Велес…а во градот, поради натпреварот, дојдоа над 4.000 гости.

Организатор на настанот „Интернационален танцов натпревар“  е студио „Урбан Кру“ од Штип кое овој натпревар го одржува трета година по ред. Целата логистика е на НУЦК „Ацо Шопов“, а  својот раскошен талент децата го прикажуваат на големата сцена во големата сала на Домот на култура „Ацо Шопов“ пред речиси секогаш исполнето гледалиште.

Заинтересираните имаа(т) можност да гледаат современи танци преку цел ден, од 9 до 19 часот, влезницата е 100 денари, а вечерва во 22 часот на Гала вечерта, ќе се натпреваруваат победниците од петте категории.

За најдобрите ќе има парични награди, медали и признанија.

M02

 

M03

Постави коментар

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе