ШТИП Конституиран Управниот одбор на Фондот на солидарност, средствата само за здравствени потреби

Штип, 22,10,2019

Во Штип денес се одржа првата конститутивна седница на Управниот одбор на Солидарниот фонд. На оваа седница се избра претседател на Управниот одбор и извршен директор. За претседател на Управниот одбор е избран градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, а за извршен директор Никола Тушев.

„Денеска ја имавме конститутивната седница на Управниот одбор за солидарниот фонд, на која избравме претседател и извршен директор. Овој солидарен фонд ќе има своја сметка на која граѓаните ќе можат да донираат и истиот ќе се користи само за здравствени потреби на штипјани“, изјави градоначалникот Бочварски.

Мотото на солидарниот фон (најверојатно) ќе биде „Секогаш да даваш во фондот, никогаш да немаш потреба од неговите пари“. Управниот одбор наскоро ќе одржи нова седница на која ќе се разгледаат сите можноси за квалитетна промоција на фондот, за неговото значење за граѓаните на Штип и за начинот на кој граѓаните, стопанските организации, институциите ќе можат да уплатуваат пари на неговата сметка. Управниот одбор на фондот редовно ќе дава отчет пред граѓаните за потрошените средства.

На состанокот на УО на фондот се разговараше и за случајот на нашата сограѓанка Симона Хаџи-Тошев. Членовите на Управниот одбор беа единствени во ставот први да донираат во солидарниот фонд.

„Ги повикуваме сите граѓанин да го направи истото,“-гласеше апелот на  Бочварски до штипјани.

Со ова Штип си го враќа приматот на град на солидарноста, вредност по која беше на второт место во екс Југославија, после Марибор, Словенија.

За членови на управниот одбор се именувани: Даница Рамбабова, Борис Шарковски, Александар Патраклиски, Иван Бојаџиски, Билјана Ефтимова и Емилија Ефремова.