ШТИП: Месец мај 31 ден со 27 настани во Центарот за култура „Ацо Шопов“

Штип, 29.04.2022

Центарот за култура „Ацо Шопов“ на дело докажува како Штип одново може да се нарече Град на културата по онаа 2004 година кога, како прв град во независна Македонија, го понесе од многу градови посакуваниот епитет – Град на културата.

279224448_865330074865693_9145754784162442819_nДенес од најзначајната културна институција во градот и регионот ја  објавија програмата за месец мај.

Театарски претстави, концерти,ликовни  изложби, изложба на карикатури, промоции на книги, стен дап комедии, симпозиуми, сето тоа што ја враќа аурата на културна македонска метропола…

Во месецот кој има 31 ден штипјани, а и оние кои ја сакаат културата, а се од блиските градови, ќе можат да проследат дури 27 културни настани. Нешто што одамна не се случило во регионалниот центар.

Програмата која ви ја даваме на увид содржи богаство од разновидни културни содржини. Театарски претстави, стен дап комедии, ликовни изложи, изложба на карикатури (после цели три децении), промоциина книги, џез концерти, по 2018 година штипјани одново ќе го видат својот дувачки оркестар со негово дефиле по улиците на градот, симпозиум за патувачкиот театар, концерти на класична музика и многу други убави нешта кои на градот му ја враќаат аурата на културна метропола.