ШТИП: Најдобрата вечер на КУД „Ристо Донев – Учителот“

Штип, 18.12.2019

На тоа што се надевавме, тоа што го очекувавме тоа и го добивме. Синоќа, во големата сала на Домот на културата „Ацо Шопов“, КУД „Ристо Донев-Учителот“ ни го даде најдоброто од себе.

Околу 700 присутни на концертот не ги штедеа аплаузите за речиси секоја изведба во интерпретација на сите возрасни групи на ова друштво.

Концертот траеше 90 минути, а помина како во миг. Реакцијата на публиката исто така беше фантастична.

Посебен белег на Новогодишниот концерт дадоа учениците од специјалното средно училиште „Искра“, студетите по етнокореологија при Музичката академија во состав на универзитетот „Гоце Делчев“ како и учениците од средното музичко училиште „Серѓеј Михајлов“.

-Најредовно ги следам настапите на КУД „Ристо Донев-Учителот“и имам право да коментирам дека ова беше најдоброто кое тие досега ни го имаат дадено. Едно големо БРАВО за нив, ни изјави Рахилка Митрева, која со сопругот и ќерката беа меѓу посетителите.