ШТИП: Порака на Бочварски од „Порака“

Штип, 13.08.2019

Општина Штип заедно со Министерство за труд и социјална политика, ООУ „Гоце Делчев“ и  Републичкото здружение „Порака“ инвестира во обновување и приспособување на просторија која се наоѓа во склоп на училиштето Гоце Делчев за дневен престој на лица со попреченост над 18 години. Се работи за целосно обновување на просторијата и овозможување на удобен дневен престој на тие лица.

„Заеднички со здружени сили работиме на подобрување на условите, бидејќи ова беше една запуштена просторија во којашто во овој период веќе работиме на подобрување на инфраструктурата. Ги заменуваме прозорците, имаме изградба на нова пристапна рампа, ќе ги замениме целосно и тоалетите“, испрати Бочварски порака од „Порака“.

Општина Штип дава поддршка преку изготвување на проектот, преку градежни зафати, исто така ќе инвестираат здружението „Порака“, Министерство за труд и социјална политика и ООУ „Гоце Делчев“,“ порача Бочварски.

Оваа инвестиција има проектантска вредност од 20.000 евра и се работи за објект со големина од над 160 метри квадратни.

Постави коментар

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе