ШТИП: По период од 23 години градот со нов генерален урбанистички план, градоначалникот Јорданов денот го нарече „историски“

...Советот кој го донесе новиот ГУП со градоначалникот Јорданов

Штип, 31.12.2022

Последниот ден од тековната година Советот на Општина Штип го усвои Генералниот урбанистички план кој ќе има важност до 2029 година. Одлуката е донесена едногласно, со конзензус и со голем аплауз од сите советници.

Одлуката е донесена едногласно
Одлуката е донесена едногласно

-Актуелниот урбанистички план е од 1999 година, помина многу време од тогаш и нам, како град и како општина ни беше неопходен нов генерален урбанистички план за раст и развој на Штип и целата наша општина. Со носењето на ГУП-от ние како општинско раководство и Советот на Општина Штип на граѓаните им ја испраќаме најубавата новогодишна честитка, рече градоначалникот Иван Јорданов.

Јорданов овој ден го нарече „историски“ зашто нов ГУП се носи по период од 23 години.

-Со носењето на  новиот ГУП се овозможува планирање на развојот на Штип и општината на секое ниво. ГУП-от предвидува градот да има 30 проценти урбано зеленило по што ќе биде на прво место во нашата држава. Индустријата ќе се развива на периферијата од градот…со еден збор со новиот ГУП се создаваат сите предуслови за развој на Штип и општината и подобро нивно функционирање во сите сегменти, рече Јорданов.