ШТИП: Три Велигденски јајца наградени со по 10.000 денари

Штип, 21.04.2022

На конкурсот за најдобро украсено Велигденско јајце што десетта гдина по рд го распиша Центарот за култура „Ацо Шопов“ се јавија петнаесетмина учесници.

Сите креации на учесниците беа оценети со високи оценки од страна на жирито, но три од нив посебно беа назначени како најдобри и секое беше наградено со по 10.000 денари.

Наградени се Велигденските креации на Маја Крстевска Коларов, Ристе Маневски и Димитриј Коцев.

-Задоволни сме од одзивот и од уметничката фантазијата на сите учесници. Наградите на добитниците ќе им бидат исплатени во текот на идната недела. Убаво би било штипјани да ги погледнат инспиративните дела направени по повод Велигден, еден од најголемите христијански празници, рече Горан Трајков,директор на НУЦК „Ацо Шопов“..

Велигденските јајца денес беа изложени во уметничката „Галерија 22“ во Домот на културата „Ацо Шопов“.

02 01 04