ШТИП: Успешни подготовки на младите борачи на „Балканец“ во Берово, Виктор Богданов ветува нови трофеи

Штип, 26.08.2021

Боречкиот клуб „Балканец“ кој на Штип му донесе повеќе меѓународни и домашни трофеи води сметка за својата иднина. Во тој контекст месецов младинскиот погон имаше успешни подотовки во Берово кои се одвиваа во хотелот ВИП и во чистата и преубава природа на  брегот од Беровско езеро.

sport02            „Нашите млади борачи работеа според програмата на тренерскиот состав кој го сочинуваат Горан Стојанов, Мијалче Ананиев, Бобан Данов, Давор Тасев и Анѓел Стефанов. Подготовките беа успешни, а формата на младите борачи се подигна на едно повиско ниво. Продолжуваме со тактично-техничките подготовки на душекот во матичниот клуб за да бидеме комплетни и целосно подготвени за претстојната сезона за пионери, кадети и за Медитеранските игри во Грција, вели Виктор Богданов, претседател на Управниот одбор на БК „Балканец“.

Управниот одбор на чело со претседателот Виктор Богданов обезбеди услови за успешна реализација на предвидената програма за тековната 2021 година.

„Многу сме благодарни на Комисијата за спорт, на Советот на Општина Штип и на градоначалникот Сашко Николов за големата поддршка која ни ја дава локалната штипска власт и остануваме во надеж дека таа поддршка ќе продолжи и во иднина. Од наша страна ветуваме уште многу нови успеси и нови медалји кои ќе бидат украс во просториите на клубот и доказ дека Штип има клуб и спорт со кој се гордеел и во иднина ќе се гордее“, порачува Виктор Богданов.