ШТИП: Центарот за култура „Ацо Шопов“ годинава со 193 настани, 3,6 во просек неделно и со 17.000 посетители

Штип, 27.12.2022

Центарот за култура „Ацо Шопов“ – Штип ја завршува 2022 година со неверојатни бројки со кои Штип си го врати статусот – водечки град во културата во државата. Бројките кои денес на прес конференција ги изнесе директорот Горан Трајков не само што се импресивни туку потврдуваат дека во годините на нашата независност такви резултати во културата никогаш порано не биле остварени.

Goran

                          Горан Трајков, директор на НУЦК „Ацо Шопов“ 

-Годината која е на изминување ја завршуваме со вкупно 193 настани од областа на културата. Имавме 41 настан од областа на литературата, 28 ликовни изложби, 74 драмски настани, 24 музички, 14 кино проекции, 9 трибинални и мултимедијални настани и 2 симпозиума. Нив ги проследија над 17.000 посетители, рече на пресот директорот Трајков.

Од продажба на билети остварени се 1.359.300 денари што е за 243 проценти повеќе од 2021 година во која се остварени 559.000 денари. Од закупнина на простор реализирани се 1.122.497 денари што е за 178 проценти повеќе во 2021 година. Или, севкупно остварен е приход од 2.481.797 денари.

Тоа значи дека НУЦК „Ацо Шопов“ реализирал и на граѓаните на Штип им понудил по 3,6 настани во просек неделно. Во однос на посетеноста бројката од 17.000 посетители значи дека 40 проценти од жителите на Штип (44.000) биле присутни на барем по еден настан од областа на културата.

И во финансиска смисла оваа културната установа со национален предзнак остава зад себе една неверојатно успешна година.

-Од продажба на билети остваривме 1.359.300 денари што е за 243 проценти повеќе од 2021 година во која остваривме 559.000 денари. Од закупнина на простор реализиравме 1.122.497 денари или за 178 проценти повеќе во 2021 година. Или, севкупно остваривме приход од 2.481.797 денари. Одлични остварувања имаме и во заштедата на електрична енергија, а заштедата е изразена со бројката од 269 проценти во однос на претходната година, рече Трајков.

Институцијата годинава инвестираше значајни средства во осовременување и во подобрување на своите капацитети. Обновен е целокупниот ламинат, набавена е тонска опрема, санирани се санитарните јазли, набавени се два лаптопа и печатари, седум клима уреди. Домот на култура со реновирањето и новата визура на фоајето доби преубава уметничка „Галерија 22“ во која уметниците со задоволство ги изложуваат своите дела. Реконструирана е малата сала, реализиран е проектот Млади Хаб, изработена е модерна веб страна на институцијата како и проектна документација во вредност од 180.000 денари.