Штип ќе oтвори спомен соба на Киро Глигоров

Бочварски со Донка Глигорова, ќерката на Киро Глигоров

Штип, 19.12.2017

Киро Глигоров, првиот претседател на Република Македонија, роден во Штип во 1917 година, наскоро ќе добие спомен соба. Оваа информација ни ја даде градоначалникот на Штип Благој Бочварски.

-Родниот град сака на начин кој му прилега на градот кој држи до себе и до своите истакнати штипјани да му се оддолжи на Киро Глигоров за се што тој го направи за Македонија. За неговата мудра, Гандиевска политика на миротворец кој во заплетот на крвават драма на бивша Југославија обезбеди единствено Република Македонија да се раздружи по мирен пат. Мислма дека со ова, иако постхумно, сепак исправаме една голема неправда кон нашиот сограѓанин и најпознат штипјанец на еден поширок европски и светски простор. Неговата мисла дека ниту еден живот не е вреден за овој куп старо железо (тенкови и друго), дадена кога ЈНА се поивлекуваше од македонските касарни, во светската јавност одекна силно, како став на личност на која животот, среќата и просперитетот на луѓето е над се“, ни изјави Бочварски.

Мислата на Глигоров дека ниту еден живот не е вреден за овој куп старо железо (тенкови и друго), дадена кога ЈНА се повлекуваше од македонските касарни, во светската јавност одекна силно, како став на личност на која животот, среќата и просперитетот на луѓето им е пред сé и над сé“, вели градоначалникот Бочварски.

Засега се планира спомен собата на првиот претседател на независна Република Македонија да биде во мултикултурниот центар на влезот од познатотот штипско излетничко место, паркот Суитлак. Но, се разгледуваат и други можности.

-За оваа работа разговаравме и со Донка Глигорова, ќерката на покојниот претседател. И од неа добивме потврден одговор дека семејството на Глигоров би било пресреќно кога неговиот роден град би го сочувал споменот на големиот државник, на нејзиниот татко Киро Глигоров. Семејството е согласно да ги отстапи сите вредни документи од животот и политичкото делување на Глигоров во сите години на нагеовиот исполнет живот, посочува Бочварски.

Штип синоќа, на свечен начин, во Соборниот храм „Свети Никола“, на Киро Глкигоров постхумно му го врачи орденот „Свети Никола“. Тоа беше и прво признание кое родниот град му го има одадено на својот сограѓанин.

Инаку во Штип постои спомен соба само на поетот и револуционер Ацо Шопов. Во неа се поместени песни испишани со ракописот на поетот, документи од неговото поетско и револуционерно дело, фотографии од неговиот исполнет живот и биста на познатиот штипски скулптор, Александар Смилков.