ЊУЈОРК: Прекрасен концерт на дуото Дуковска-Аревски во Центарот за култура на Македонија

Штип, 17.04.2022

Македонските уметници Невенка Дуковска, пијано и Ванчо Аревски, флејта синоќа одржаа прекрасен концерт во Македонскиот културен центар во Њујорк. По концертот имавме краток раговор со уметничката Дуковска при што таа ни рече:

-Синоќа имавме навистина концерт за паметење! Преполна сала во галеријата на Центарот за култура на Македонија. Овации и емоции од публиката, музиката беше на теми од познати фолклорни песни и ора,така што допре буквално до секој. Но не само македонци, имаше публика од секаде. Беа воодушевени од интерпретацијата. Голем поздрав и убав ден, ни напиша Дуковска на фб.

Концертот на уметниците од Штип беше поддржан од Министерството за култура и од Општина Штип со одлука на Советот на општината.

-Сакаме од тука, од Њујорк, да искажеме голема благодарност до Општина Штип, до сите советници кои едногласно не поддржа, за нас оваа е промоција на културата на нашата Македонија и на нашиот убав Штип, а на плакатата е и логото на општината. Голема благодарност и до Министерството за култура на Македонија, гласи пораката на штипските и македонски уметници Невенка Дуковска и Ванчо Аревски.