БАЗДНИКИН: Македонија од Руската Федерација добива 200.000 вакцини „Спутник V“, 6.000 се веќе испорачани
Штип, 08.04.2021
Г-дин Сергеј Баздникин, амбасадор на Руската Федерација во нашата држава денес беше во работна посета на Штип. Амбасадорот оствари средба со градоначалникот д-р Сашко Николов, а приоритетни во разговорот беа темите од здравството, образованието и економијата.
-Соработката помеѓу Руската Федерација и Република Северна Македонија е од големо значење за двете страни. Со вашата држава потпишавме договор со кој се предвидува Руската Федерација на РСМ да и испорача 200.000 вакцини „Спутник V’, што е количина за имунизација на 100.000 лица, рече амбасадорот Баздникин.
Амбасадорот уште нагласи дека до денес Руската Федерација ни има испорачано 6.000 вакцини. Во моментов се работи на испораката на останатите количини на препаратот.
„Руската страна доследно ќе ги исполнува своите обврски од договорот за да обезбеди испорака на вакцините во вашата земја”, информира амбасадорот Баздникин.