Македонска Каменица, 14.03.2018
Изутринава околу 5,30 часот членови на Мултиетничкиот синдикат за образование во рудникот „Саса“ ги спречија рударите да заминат на работа во рудникот. Тие тргнаа пеш кон „Саса“ за на полпат да го спречат одењето на рудничките автобуси.
„Бараме зголемување на платите на рударите за 20 проценти. Бараме институциите во државата надлежни за тоа да се изјаснат дали ние сме или не сме легитимен синдикат кој има право да ги застапуваи да се бори за правата на работниците. Ние 20 дена баравме од раководстворо на „Саса“ да седнеме на преговарачка маса но тие одбиваа со укажување дека не сме биле легитимен синдикат“, рече Сашо Јовановски.
Од „Саса“ изјавија дека Сашо Јовановски не е вработен во рудникот, дека рудничкиот синдикат кој е во состав на Синдикатот на индустријата, енергетиката и рударството преговарал со раководството по што бил потпишан и колективен договор во однос на правата на рударите.
Во официјалното соопштене од рудникот се вели:
„Група поддржувачи на огранокот на Мултиетничкиот синдикат на образованието (МЕСО) од Македонска Каменица, спротивно на Законот, утринава постави блокада на патот што води кон рудникотСАСА, при што автобусот што ги превезува работниците од првата смена во рудникот бил спречен да дојде до рудникот, со што работниците им бешеоневозможено да стигнат на своите работни места.Во моментов рудникот САСА функционира нормално, но доколку ваквата незаконска блокада продолжи, ќе биде доведена во прашање натамошната работа, што ќе предивика големи штети и за компанијата и за сите нејзини 700 вработени.
За целата ситуација се информирани надлежните државни органи од кои согласно нивните законски надлежности е побарано да преземат мерки за целосна деблокада на патот кон рудникот.
Согласно одредбите од Законот за работни односи, протестот организиран од локалниот огранок на МЕСО е незаконски. Рудникот САСА досега имаше одлична соработка со вработените и нивниот легитимен синдикат које е дел од СИЕР – Синдикатот на индустријата, енергетиката и рударството, за што доказ се досегашните постигнати резултати во безбедноста при работа, платите кои се двојно поголеми од просечните плати во земјата и вложувањата во нова технолија и подобри услови за работа.
Според Законот, менаџментот на рудникот е обврзан да разговара и соработува со оној синдикат кој во законска процедура докажал дека ги претставува вработените. Тоа досега беше синдикатот на рударите при СИЕР. Секој друг синдикат, за да може да преговара, согласно Законот за работни односи, е обврзан да го докаже истото. Досега, и покрај барањата од страна на компанијата, новиот огранок на МЕСО нема доставено до рудникот ниту еден формален доказ дека е репрезентативен синдикат во САСА. Исто така, согласно Законот, пред да се започне со штрaјк или протест, двата синдикати треба да состават заеднички тим за преговори со менаџментот и да отпочнат процес на медијација. Ниту еден од овие законски одредби досега не е исполнет, што го спречува менаџментот на компанијата да постапува.